ММС

Објавено на: 04/12/21 11:47 AM

Роже Федерер направил хаос на езерото во Цирих – Еколозите не му даваат да гради затоа што ја загадувал околината

Роже Федерер гради убава вила на својот имот во Раперсвил-Јони на брегот на езерото Цирих, а ќе беше одамна завршена ако постојано не се случуваче проблеми со загадувањето на животната средина, нешто за што ниту славниот тенисер не би добил попуст во родната Швајцарија.

Со оглед на тоа дека куќата ќе се гради на брегот на езерото, гласот го крена еколошката организација Аква Вива затоа што било утврдено дека земјиштето на имотот било загадено со  градежен отпад.

Првично градежниците кои работат за Роже Федерер рекле дека нема никаква опасност од загадување на езерото, но и покрај тоа ветиле дека ќе го отстранат земјиштетото. Откако градежниците не го сториле тоа навремено, еколозите веднаш реагирале и сега Федерер мора да прикаже како би изгледал брегот после градбата, а во меѓувреме цело крајбрежје ќе се испитува поради отпадот.

Претходно Федерер беше на мета и на шведската активистка Грета Тунберг, исто така поради екологија.

 

Извор и фото: Mondo.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.