ММС

Објавено на: 04/12/21 10:24 AM

(ФОТО) Лепа Брена се почасти со јахта од 30 метри

Пејачката Лепа Брена моментално се наоѓа во Будва, каде е закотвена нејзината нова јахта, со која крстареше по Јадранот со месеци.

„Тоа е убав брод од околу 30 метри, со пет, шест спални соби“, рече пејачката и додаде:

-Тоа не беше само подарок за нашата душа, ние сакавме да си дозволиме нешто затоа што тоа беше специфична ситуација со короната. Не можевме да се дружиме, пa затоа одлучивме да пловиме. Така, имав една година пауза и одмор и да си поминам јас како што сакам, да пловам и да бидам на вода.

Пејачката се наврати и на продажбата на Гранд, кој по 18 години  не е во нејзина сопственост.

-Гранд е наше дете. Тоа растеше и порасна. Имаше момент и таков деловен договор. Без оглед на тоа што не сме во сопственост, јас секогаш ќе останам да работам и да соработувам со Гранд бидејќи тоа е нешто што ми е на мене драго, и во таа куќа се чувствувам како во свој дом “, завршила пејачката.

Извор. Мондо.рс

Фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.