ММС

Објавено на: 04/12/21 10:00 AM

Си отиде тивко, како некој да го зеде за рака и го однесе – кралицата Елизабета за смртта на принцот Филип

Британската кралица Елизабета II изјавила дека смртта на нејзиниот сопруг принцот Филип, војводата од Единбург, оставила „огрмна празнина“.

Во кралското семејство потврдиле дека смртта на принцот Филип била „мирна и лесна“, додека принцот Ендру, војводата од Јорк помлад син на британската кралица потврдил дека неговата мајка му ја опишала смртта на неговиот татко, во својот дом.

Сопругата на принцот Ендру, Софија, војводката од Весекс изјавила после мисата во црква е добро што принцот Филип „отишол така лесно, како некој да го зел за рака и го однел“, пренел лондонскиот весник Гардијан.

-Многу, многу тивко не напушти и тоа е се што би можеле да му посакате во таков момент. Мислам дека него му беше многу лесно отколку што ни е сега нас кои не остави, рекла сопругата на принцот Ендру.

Принцот Хари се вратил во Велика Британија поради престојниот погреб на својот дедо принцот Филип, без сопругата Меган Маркл, јави британскиот таблоид „Сан“, повикувајќи се на очевидци.

Бекингамската палата во саботата соопштила дека неговата бремена сопруга Меган нема да присуствува на погребот, бидејќи лекарите ја советувале да не патува.

Хари (36) за прв пат доаѓа од САД откако тој и Меган се повлекоа од кралската функција.

Извор: Ало.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.