ММС

Објавено на: 04/11/21 8:09 PM

Ја повикал Брзата помош и лажел дека има корона – На пијан жител од Карловац му требало превоз

Жител на Карловац добил условна казна затвор од 20 дена која ќе се активира ако направи прекршок во следните година дена затоа што лани на 16 април околу еден часот после полноќ мртов пијан ја измамил Брзата помош и ја лажел дека имал коронавирус.

Тој во тоа време од ноќта се затекнал во Махично без превоз до своето живеалиште во Карловац па одлучил да си најде превоз на бизарен начин.

Тој и се обратил на полицијата која имала пункт на патот на кој се проверувале дозволи за движење затоа што во тоа време без пропусница не можело да се напушти местото на живеење. Им кажал дека има Ковид, иако знаел дека е здрав. Ја повикал Брзата помош од Карловац и ја чекал на пунктот. Тоа го направил за да може медицинските работници од Заводот за итна медицина да го однесат дома со амбулантно возило, но завршил на трезнење на психијатрија во Општата болница во Карловац.

Судот пресудил дека тој ширел лажна вест и предизвикал непотребно ангажирање на итните служби.

– Со пријател пеш се враќавме од Озља и бев многу пијан. Му реков на полицаецот дека сум позитивен, повикав Итна, ме однесоа во болница каде што ме тестираа и сместија на психијатрија. Знаев дека немам корона, но ми требаше некој превоз до градот – раскажал мажот при полициското испитување.

извор: 24sata.hr

фото: karlovac.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.