ММС

Објавено на: 04/11/21 8:13 PM

Имав се, само немав среќа – Пејачката Гоца Лазаревиќ призна за болн иот развод со поранешниот сопруг

Пред скоро три децении, пејачката Гоца Лазаревиќ се разведе од познатиот композитор Милутин Поповиќ Захар. Како што велеше во јавноста, разводот е најтрауматично нешто што некому може да му се случи и и требаа неколку години да се опорави целосно.

– Тешко го поднесов разводот. Тогаш бев на врвот на музичката кариера. Јас би рекла дека имав се, ама немав среќа. После половина година од развод, не знаев за себе, плачев нон стоп и бев депресивна, огромен шок. Се иселив од заедничкиот стан без размислување. На Захар никогаш не му паѓаше на памет да излезе, па отидов со нашите деца во нашата куќа, која не беше готова. Ја преземав грижата за мојот син и ќерка, но и Милутин исто така, се разбира, помагаше кога беше потребно, тој секогаш беше тука за нив. Во тој период работев како луда, сакав да ја излекувам тагата со работа – изјави во една прилика пејачката Гоца Лазаревиќ, за време на гостувањето во емисијата „Од профил“.

Сепак, набргу по оваа изјава, Гоца гостуваше во емисијата на Сања Маринковиќ, која ја искористи можноста да ја праша каков човек може да ја направи среќна денес, на што Гоца кратко одговори:

– Да ме работи, како што би рекле децата! Да ме работи, но мененникој не ме работи! – призна Гоца по тој повод.

Извор и фолто: espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.