ММС

Објавено на: 04/11/21 8:02 PM

Кога почина сите часовници дома застанаа – Тажна судбина на првата пејачка на популарниот бенд „Нови фосили“

Првата пејачка на „Нови фосили“, Ѓурѓица Барловиќ, беше една од најхаризматичните дами на поранешна Југославија, но нејзината кариера беше прекината со нејзината прерана смрт. Таа почина во 1992 година на 42-годишна возраст како резултат на акутен срцев удар во Интерната болница во Задар.

– Таа беше во солидна и стабилна здравствена состојба. Затоа бев изненаден од тоа предвремено заминување. Дента кога таа почина, верувале или не, сите часовници во мојот стан застанаа. Подоцна, ја слушнав таа тажна вест – рече, сега починатиот,  водачот на „Новите фосили“, Рајко Дујмиќ.

Албумот „Незавршена приказна“ со хитови што таа ги напиша со групата „Нови фосили“ беше објавен постхумно.

Се запишала на градежното училиштге, но љубовта кон музиката поведила.

– Ги спакував куферите и им реков на моите родители заминувам. Да знаев што ме чека, сигурно немаше никогаш да се преселам од Сплит – рече таа во едно интервју.

Најголемата слава ја стекна како пејачка на „Нови фосили“. Во далечната 1977 година, на Сплитскиот фестивал, тие воодушевија со песната „Диридонда“, а следната година го издадоа првата плоча „Да те не волим“.

Во 1982 година, Ѓурѓица одлучи да го напушти бендот со цел да му се посвети на семејството, а на нејзино место се дојде Сања Долежал. Сите мислеа дека бендот ќе пропадне.

– Ѓурѓица нè напушти кога сакаше да се посвети на својот семеен живот, затоа што работевме со лудо темпо. Нејзиното семејство и беше поважно од нас, поважно од кој било перформанс, парите. Родена е за мајка, сопруга, а сепак, од друга страна, беше и врвна пејачка … и каква пејачка! Никогаш поради неа не сме откажале концерт, нејзиниот глас никогаш не „пукна“ – рече еднаш Рајко Дујмиќ.

Се омажи за стоматолог Брацо, со кого ги доби синовите Хрвоје и Борна. И бидејќи не можеше без музика, Ѓурѓица настапи на Сплитскиот фестивал во 1982 година со стомакот до заби.Тогаш се шушкаше дека таа го молела Рајко да и напише композиција, но тој рекол дека нема време.

Извор: espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.