ММС

Објавено на: 04/11/21 6:13 PM

Јас сум месија и сакам луѓето да пејат голи – Олмо Гасија, човекот кој гол прекина фудбалски меч

Меѓу жителите на Гранада е познат како чудак и бивш сопственик на фирма која произведувала здрава храна, а од пред некој ден и како голиот човек кој го прекина фудбалскиот натпревар помеѓу Гранада и Манчестер Јунајтед кога влета на теренот.

Се работи за Олмо Гарсија кој од седум часот наутро бил на стадионот за да го спроведе својот план на дело. И успеал на стартот од мечот. Олмо влетал на теренот, камерите го регистрирале, а по некоја секунда бил соборен од редарската служба и предаден на полицијата.

– Воопшто не сум задоволен, сакам сите луѓе на светот да бидат голи и да пеат „чудо, чудо, чудо“. Не се сеќавам дека некој од фудбалерите ми рече било што, само редарската служба велеше дека сум одвратен и слични работи – изјавил разочараниот Гарсија.

Ноќта ја поминал во затвор, но следното утро завршил на слобода. Интересно, фудбал не следи, но за себе мисли дека е нешто повеќе.

– Сакам да проповедам есенско евангелие на мирот. Јас сум месија, знам како да го излечам светот – порачува 37-годишниот Гарсија кој призна дека мајка му не била среќна за она што го прави, но не планира тука да застане.

извор: 24sata.hr

фото: www.danredsports.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.