ММС

Објавено на: 04/11/21 4:08 PM

На децата им реков никому да не кажат дека сум им мајка – Сузана Манчиќ отворено за скандалозното видео

Најпопуларната лото девојка во Југославија, Сузана Манчиќ (64), позната по изгледот и стилот, пред неколку години се најде во центарот на скандал кога во јавноста испливаа нејзините интимни видео-снимки.

Во 2005 година јавноста остана шокирана кога се појави видео-снимката на која Сузана води љубов со бившиот сопруг, а никогаш не се дозна кој ја пуштил снимката во јавност.

– Се чувствував како да ме обесиле гола на среде плоштад. Поради смртта на мајка ми бев емотивно разнишана, а моите две ќерки беа во критичните години од пубертетот. Требаше да одат на училиште и јас секој ден требаше да излегувам со нив на улица. Се чувствував посрамотено и никогаш не ми беше потешко во животот, а уште потешко ми беше што некои тврдеа дека сама го пуштив видеото во јавност – изјави тогаш водителката.

Во тоа време веќе пет години се забавувала со грчкиот банкар Симеон кој и е денес сопруг. Се запознале преку заеднички пријатели. Сузана од почеток не била сигурна за чувствата, но тој ја уверил дека е сериозен. Тој имал ќерка од првиот брак и му било јасно дека Сузана сака нејзините деца да трпат што помалку поради промените.

Таа решила да ја зацврсти врската на далечина, наместо да се пресели во Атина кај него и тоа било полн погодок. Теодора и Натали со мајка им летата ги минувале во Сангарада, место на грчкиот брег каде што Симеон имал куќа, а во текот на годината тој и Сузана често патувале низ светот и заедно ги минувале зимските празници.

Водителката сега призна дека се разболела од стресот откако нејзините снимки излегле во јавноста. На Сузана толку и било срамота што на децата им рекла да не кажуваат дека таа им била мајка.

– Никој не ми помагаше освен некои пријатели и децата. Во еден момент им реков да не кажуваат никому дека сум им мајка. Наталија ми рече „Јас се гордеам што ти си моја мајка“. Тоа се зборови кои ве креваат. Никогаш не знаеш што те чека во животот, но мораш барем пред себе да бидеш чист. Од силниот стрес имав зголемен холестерол, но добро пројдов – вели Сузана.

извор. 24sata.hr

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.