ММС

Објавено на: 04/11/21 1:35 PM

Крадците во Дебарско не мирувале и во пандемија

Крадците во Дебарско, не мирувале и во време на пандемија, потврдува полициската статистика за минатата и првото тромесечје од годинава.

-Во текот на минатата година регистрирани се вкупно 52 кражби од нив 40 тешки кражби и 12 кражби. Пандемијата не го намали бројот на кражби во Дебарско, тие се речиси на исто ниво како и во 2019 година, односно регистрирана е една кражба повеќе, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека претходната година на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарското одделение за внатрешни работи, биле регистрирани 53 кривични дела-кражби, од нив 38 се тешки кражби и 15 кражби.

Кражбите се присутни и во текот на првото тромесечје од годинава.

-Во периодот јануари-март годинава регистрирани се 14 крвични дела од овој вид. При тоа 12 кривични дела „тешки кражби“ и 2 кривични дела „кражби“. Преземени се сите потребни активности за нивно расветлување, посочува Димоски.

Кражбите се главно во куќи од каде се украдени вредни предмети, но регистрани се и кражби на добиток, кои се случиле, како во градот така и во селските населени места.

Димоски нагласува дека повеќе од половина од кражбите се расветлени и против сторителите се подонесени кривични пријави. Се работи посветено во расветлување на овие дела, вели тој,  во тесна соработка на полициските службеници од ОВР Дебар и СВР Охрид.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.