ММС

Објавено на: 04/10/21 2:18 PM

Амбасадата на САД со техничка поддршка и соработка со МВР за запленетата дрога

Американската амбасада во Скопје работеше заедно со Министерството за внатрешни работи и даде техничка поддршка за вчерашната акција во која полицијата пресретна камион со марихуана во вредност од 800.000 евра, што транзитирал низ земјава, објави денеска порталот „Сакам да кажам“, кои имаат потврда од Американската амбасада во Скопје.

-Во овој случај, како и во случајот со пасошите, работевме заедно со МВР и дадовме техничка поддршка, велат од Амбасадата на САД.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера на својот фејсбук-профил објави дека македонската полиција извршила голема акција заедно со американската Агенција за борба против наркотици (ДЕА). Во акцијата била запленета дрога во вредност од над 800.000 евра и бил привиден висок полициски службеник.

– Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, напиша Спасовски на ФБ.

Како што наведува порталот, некои медиуми јавија дека уапсениот е командир на Полициската станица во Прилеп, додека МВР за денеска најави повеќе детали за акцијата.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека „очигледно целата акција ја водат служби кои се борат против наркотици од странство“. Тој упати прашања до власта да одговори кој се е уапсен досега за овој случај.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.