ММС

Објавено на: 04/10/21 12:46 PM

(видео)Се манипулира дека сме двојно поскапи – тврди д-р Христовски од Аџибадем Систина

Цените се ставија пред третаманот на пацинетите, а јавноста беше изманипулирана со лекувањето на пацинетите во приватното здравство, вели во разговор за Канал 77 во емисијата Стадион, медицинскиот директор на болницата Аџибадем Систина, д-р Жарко Христовски. Тој ја свртува тезата и прашува за неспоредливиот третман на државата кон медицинскиот персонал во приватните болници со јавното здравство, истакнувајќи го фактот дека персоналот на Систина, кој една година работи со ковид пацинети, е вакциниран во втората група пред пет дена. Тој самиот со колегите заминал во Србија и таму се вакцинирал со една доза.

-Бројката на хоспитализирани со ковид во Аџибадем Систина до сега е 714. Просечна цена на третман е 5400 евра во досегашниот период. Ние  ги имаме сознанијата и за другите болници на нас на врв ни го става квалитетот на третманот. Имаме шест анестезиолози од вкупно 37, кои се целосно посветени само на овој оддел каде се лекуваат ковид пацинети.Вработеиме 10 млади колеги, работат 68 медицински сестри.Целта е постигнување успех во третманот. Набавивме современа опрема, две машни за хемодиафилтрација. Се потврди дека таа хемодиафилтрација помага. На крај од се’ во интерес на јавноста е цената. Во неа влегуваат и цените кои ги плаќаме за материјали и лекови, заштитени средства, кои се драстично  поскапени.

Христовски објаснува дека по разговорот во Министерство за  здравство, каде се осврнале на повеќе проблеми со третман на пацинети со ковид, во јавноста се извртеле тезите околу подготвеноста да се помогне од страна на приватните болници.

-Во услови на пандемија, ние понудивме пет доктори за помош во јавното здравство. Во јавноста се изманипулира дека двојно сме поскапи, што не е така,вели д-р Христовски.

Дилемата за разлика јавно – привно здравство и тврдењето на министерот за здравство Венко Филипче, д-р Христовски вели дека би сакал да верува дека тоа е така пред се’ како граѓанин, при што дава аргументи за разликата во третманот.

-Од 714 од хоспитализрани пацинети во Аџибадем Систина, преку 60% се трансферирани од установи, најмногу од јавното здравство. Нашата цена на третманот не е 600 евра дневно, туку  335.642 денари е за просечно лекување 12 дена, а не е фиксна цена , туку се одредува според трошоците. Во нашата финална фактура е наведено одвоено цена на хоспитализација, дали е  интензивна нега, полинтензивна нега,на респираторна поддршка… влегува тип на третман и што е потрошено. Фактурата има точно што е потрошено. Во овој третман ние сме на граница на економска рентабилност.Тоа е единствен начин е да ги покриеме трошоците кои ги генерираме на дневна основа, кажа д-р Христовски во Стадион.

Во однос на третманот на медицинскиот персонал во приватните болници од страна на државата, медицинскиот директор на болницата Аџибадем Систина вели дека не споредлив со тој на персоналот во јавното здравство. Тој вели дека грото лекари од Систина се вакцинирани во втората група, пред пет дена на покана на Министерството за здравство, додека тој има примено една доза во Србија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.