ММС

Објавено на: 04/10/21 12:12 PM

(ВИДЕО) Подобро имунизација со било која вакцина, отколку невакцинирани, вели молекуларниот биолог Горан Кунгуловски

Вакцината за коронавирусот е на „грбот“ на декади наука и вложување во науката во минатото. Математиката околу вакцинацијата е многу едноставна. Доколку се заразите, а не се вакцинираме, сите ќе се заразат со вирусот, тоа е неминовно. Вакцините не се развиени за брзо време, поминале низ сите пристапи и мерки за контрола, а светските Влади и компании во време на пандемија преземаат големи ризици со цел справување со Ковид-19, изјави молекуларниот биолог Горан Кунгуловски во гостувањето на емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

-Математиката е многу едноставна. Доколку се заразите, а не се вакцинираме, сите ќе се заразат со вирусот, тоа е неминовно. Вакцините не се развиени за брзо време, поминале низ сите пристапи и мерки за контрола, сега компаниите преземаат ризици, Владите финансираат, регуритирани се многу луѓе за студиите, интересот е глобален. Вакцината е производ и е „на грбот“ на декади наука во минатото. Кога оваа пандемија би настанала пред 10 или 15 години, верувам дека една до две години би биле заглавени само во дизајнот на вакцината. Пред една деценија немавме технологија за два дена да го секвенционираме геномот на вирусот, сега е поинаку, изјави Кунгуловски.

Тој објаснува дека без разлика на типологијата на вакцините на дигитални, векторски и традиционални, тие се практично безопасни и можат да донесат само бенефит врз човековото здравје. Во најтрадиционалниот пристап на добивање вакцина, коронавирусот се расте во клетки надвор од луѓе и кога ќе добие концентрација на вирусот, постојат реагенси кои го прават неактивен и потоа го вбригзнуваат во организмот.

-Во изминатите години немавме РНК вакцини, бидејќи тие се нестабилни. Се развиваа технологии за да тие се постават во „комбе за транспорт“. Дури сега кога ќе влезат во клетките по примањето на вакцината, за неколку часа ги нема, се разградуваат, нестабилни се, но создале протеин кој имуниот систем го препознава и напаѓа. Не се губи материјалот, не може вакцината да штети и да влијае врз генетскиот материјал. Во тој поглед дигиталните вакцини како „Фајзер“ и „Модерна“ се иднината. Традиционалниот пристап на вакцина коронавирусот го расте во клетки надвор од луѓе, тие се како резервоари, како хранлив медиум за вирусот. Кога ќе добие концентрација на вирусот, има реагенсот што го прават неактивен и потоа го вбригзнуваат во организмот, вели молекуларниот биолог.

Неговата идеја за имунизација на населението во државата се базира врз примарна вакцинација на највозрасното население. Откако ќе се вакцинира таа група, според него за 50 отсто би се намалиле смртните исходи и би се растеретил здравствениот систем. Кунгуловски додава дека нашите здравствени власти само декларативно се водат по оваа стратегија и ја применуваат парцијално.

-Колку постари се заразените, поголема е веројатноста за смртност. За таа категорија граѓани смртноста е еден од пет. Од 30 до 29 години смртноста е од 0 отсто од 0,5 отсто. Затоа највисоката старосна граница треба да биде примарно вакцинирана. Откако ќе се вакцинираат сите од таа категорија, барем 50 отсто од смртните исходи ќе се намалат. Понатаму постепено и „лека полека“ се вакцинира и останатото население, а ланецот на коронавирусот и сите хоспитализации и смртни случаи ќе се стеснат. Системот кај нас таа стратегија ја прави само декларативно и парцијално ја применува, објаснува Кунгуловски.

Придобивките од примање на вакцина се многу поголеми отколку да не се прими истата. Првата вакција која ќе дојде до секој граѓанин е најдобрата вакцина за него. Владите можеби не ја пренесоа добро информацијата, ефикасноста нејзина се калкулира како ефикасност за заразување со коронавирусот, рече тој во емисијата „Стадион“.

-На пример, вакцината има 95 отсто ефикасост. Индивидуата при ист контакт со заразен од коронавирусот има 95 отсто помала веројатност да не се зарази отколку индивидуата која го има вирусот. Доколку се зарази, симптомите ќе бидат многу благи, додаде д-р Кунгуловски.

Пандемијата е таква и сите стратегии мора да се дизајнираат на светско ниво. Сепак, пандемијата ги донесе на површина и сите недостатоци и лоши особини, се јави тоа трибалистичкото. Сите земји си гледаат само за себе, својот регион. Солидарноста на Европа ја снема и тоа е депресивно.

Пресметката на Кунгуловски е дека вакцината и нејзиниот ефект ќе траат до една година и ќе мораме да се вакцинираме барем еднаш годишно со една доза, во зависност од застапениот сој.

Целосното интервју со молекуларниот биолог Горан Кунгуловски можете да го погледнете во продолжение:

д.ј


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.