ММС

Објавено на: 04/10/21 9:36 AM

Милановски:Треба да се вакцинираат и тие што прележале ковид

Природниот имунитет не е целосно докажан, додека имунитетот што се создава од вакцината е потврден. Ова е аргументот на д-р Горјан Милановски од Институт за имунобиологија и хумана генетика , кој во денешното гостување во емисијата Стадион одговори на дилемата дали треба да се вакцинираат луѓето кои прележале ковид – 19.

-Треба да се вакцинираат и овие луѓе. Истражувањата и научниците не се сигурни за создадениот имунитет по природен пат, но затоа пак од вакцината сигирно се знае дека се создава имунитет. Препораките се да се вакицнираат и тие луѓе. Штета од вакцината нема, објасни д-р Милановски.

Слушател во емисијата го наметна прашањето како е создаден вирусот – вештачки по природен пат и соменвањата дали вирусот навистина постои.

-Не е дилема дали вирусот постои. До сега во Македонија 140.000 луѓе се дијагоностицирани со ковид, а над 4000 починале. На светско ниво  заболеле 140 милиони, а три милиони починале. Има бројни семејства што страдаат од овој вирус. СЗО направи истражување за потеклото, тоа истражување не е завршено, но се претпоставува дека потекнува од лилјаци, кои потоа преку вектор се префрлил и го инфицирал човекот. Единственото и најмоќно оружје против него е вакцината. Излезот од пандемијата е вакцинацијата, рече д-р Милановски.

Докторот од Институт за имунобиологија и хумана генетика ги истакна бенефитите од вакцината. Според него,  вакцинираната индивидуа е заштитена од инфекции од корона вирусот, преносот на вирусот ќе се намали, ќе има намалено размножување и бројот на новозаразени ќе биде помал.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.