ММС

Објавено на: 04/9/21 3:26 PM

Запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник, соопшти Спасовски

Министерството за внатрешни работи во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици, заплени дрога во вредност од над 800.000 евра, а во акцијата е приведен висок полициски службеник, соопшти министерот Оливер Спасовски на социјалните мрежи.

-Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник. Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, напиша Спасовски.

Повеќе детали во врска со организираната акција се очекуваат во текот на денот.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.