ММС

Објавено на: 04/9/21 1:52 PM

ДКСК: Министерот за земјоделство го прекршил кодексот за етичко однесување

ДКСК оформи предмет по сопствена иницијатива врз основна на редовна проверка на обрасците за изјава на судири на интереси каде меѓудругото е констатирано дека Аријант Хоџа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, по именувањето на функцијата министер, управувањето на својата приватна фирма ја доверил на блиско лице, што е спротвно со членок 45, став 1 од  Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Со овој чел се предвидува дека лицето кое стапува на функција на избор на именувано лице со исклучок на лицата кои стапуваат на функција кое не си ја извршува професионално доколку управуваат со трговско друштво или установа како сопственик е должен пред да стапи на функција, управувањето да му го довери на друго лице, освен на членови на неговото потесно семејство каде е констатирано дека тој не постапил согласно законот.

Овој предмет е  отворен на седницата одржана на 12.02.2021 година и е донесена одлука, со која констатирана состојба на судир на интереси и е побарано од лицето Аријанит Хоџа да изврши измена во управувањето на неговата приватна фирма и согласно констатираното исто така по изречената прекршочна глоба, за која е побарано да си ја исплати.

ДКСК на 1 ви април добиле известување од страна на министерот, дека на 18 ти март, 2021 година, во однос на глобата, испратен е доказ дека е извршена глобата.

Во меѓувреме по донесување на одлуката во еден јавен настап министерот го прекршил кодексот за етичко однесување со тоа што „ДКСК не е таа што ќе ми укажува што треба да работам со својата приватна фирма и на кого да му ја отстапам“.

По тоа не етичко однесување ние пуштивме барање до заменик претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси кој е надлежен за спроведување на кодексот за етичко однесување за барање одговорност за таа повреда што ја направил.

„На 1 ви април 2021 година добивме известување од страна на заменик претседателот на Владата кој што не известува дека по нашето барање што го имаме доставено до нив е разгледано и постапено по тоа и каде е изречена мерка писмено укажување дека во својство на член на Владата го прекршил етичкиот кодекс и од него е побарано да не го повтори однесувањето во иднина и да постапи по препораките на ДКСК“, велат од ДКСК.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.