ММС

Објавено на: 04/9/21 11:01 AM

Русија тестира комбинирана вакцина против грип и корона

Рускиот државен научен центар за вирусологија и биотехнологија Вектор, во моментот ја тестира на животни комбинираната вакцина која треба истовремено да штити и од грип и од коронавирус – информира генералниот директор, Ринат Максјутов. Тој објасни дека доколку е потребно, вакцината ЕпиВакКорона може многу бргу да биде модернизирана, бидејќи за прилагодување на составот на вакцината не е потребно повеќе од еден ден.

Центарот Вектор има уште еден нов производ, а тоа се вакцината против коронавирусот во облик на капки за нас. Максјутов информира дека составот на главните активни компоненти остануваат исто како и во вакцината ЕпиВакКорона.

„Доколку изненадно се случи вирусот да мутира и доколку мора да ја обновиме вакцината, за прилагодување на составот нема да биде потребно повеќе од еден ден“, додаде тој.

Вакцината ЕпиВакКорона најверојатно оваа година нема да биде достапна за деца. Првата фаза од клиничкото испитување се планира за младите на возраст од 15 до 17 години, но понатаму во спроведувањето ќе бидат вклучени и помлади старосни групи.

Говорејќи за имунитетот по примањето на ЕпиВакКорона, Максјутов рече дека имунитетот најдобро се формира кај младите, здрави доброволци, додека малку послабо кај повозрасните луѓе. Според него, тоа не изненадува,  бидејќи повозрасните луѓе имаат проблеми со здравјето.

„Секоја вакцина полошо функционира кај повозрасните луѓе, тоа не е само случај со нашата“, констатира Максјутов, прецизирајќи дека од доброволците постари од 60 години никој не се разболел, по формирањето имунитет.

„ЕпиВакКорона“ е втората регистрирана руска вакцина во превенција од ковид-19  и таа не содржи жив вирус. Оваа вакцина формира имунитет благодарение на  вештачки синтетизирани пептиди и ќе чини околу 46 евра.

Во регусија се регистрирани уште две вакцини против коронавирусот – „Спутник Ви“  на центарот Гамалеја и „КовиВак“ на центарот Чумаков.

 

Фото: Илустрација / unsplash

Извор:    nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.