ММС

Објавено на: 04/9/21 9:00 AM

Во Турција рекорден број на новозаразени од почетокот на пандемијата

Турција во последните 24 часа регистрираше 55.941 нов случај на зараза со коронавирусот, што е најмногу во еден ден во таа земја – покажуваат податоците на тамошното Министерство за здравство. Минатата недела, претседателот Реџеп Таип Ердоган најави заострување на епидемиолошките мерки, вклучувајќи целосно затворање во текот на викендот на ниво на држава за празникот Рамазан кој почнува на 13-ти април.

„За време на Рамазан во земјите се забрануваат собирите кои се одржуваат пред и по постот“, изјави претседателот.

Како дел од мерките ќе биде ограничена и работата на рестораните и кафулињата, кои ќе можат да работат со максимум 50 проценти од капацитетите. Во последните 24 часа во Турција починаа 258 лица како последица на ковид-19, со што бројот на смртни случаи се искачи на 33.201.

Од почетокот на пандемијата на светско ниво се забележани повеќе од 134 милиони случаи на коронавирус.

 

фото: илустрација / pixabay

Извор:  balkans.aljazeera.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.