ММС

Објавено на: 04/8/21 10:31 PM

Аца Лукас: Имаат по пет, шест станови во Белград, а бараат помош од државата, товарете јаглен

Музичарите и угстителите од цела Србија протестираа за да се најде решение за основните животни прашања, бидејќи во текот на изминатата година останале без примања и можност за заработка.

Аца Лукас на Курир телевизија коменирал што мисли за протестите.

-Мене не смеат да ме повикаат, знаат дека ќе ги одбијам. Мене ми е срам кога некој од тоа ниво (пр. Ера Ојданиќ) вели дека потрошил се. Да не се лажеме, ние заработуваме најмногу во својата земја. Тој протест почна од најпопуларните. Државата веќе подели помош пред неколку месеци. Јас не бев во таа група и не би бил. Луѓе кои имаат по 5,6 станови по Белград бараат помош.

-Работете, товарете јаглен, им порача Лукас на колегите.

Признал дека бил повикан да пее на „корна журки“, но сите ги одбил.

-Чеда Чворак беше водич на тие протести. Бара да работи, а тој не работи веќе 20 години. Имам впечаток дека тој протест е политички индоктриниран.

-Ајде да се вакцинираме што побргу, па сите ќе работиме, додал пејачот.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.