ММС

Објавено на: 04/8/21 9:32 PM

(ВИДЕО) Жената со најдолги нокти на светот после 30 години одлучи да ги исече

Жена од Тексас, која имала најдолги нокти на светот, конечно може да отвори врата без страв дека може некој да и се скрши.

Ајана Вилијамс од Хјустон го собори Гинисовиот рекорд за најдолги нокти во 2017 година, кога и биле долги 580 сантиметри, односно 5,8 метри.

Кога правела маникир, и требало повеќе од две шишиња со лак и 20 часа работа.

Пред да ги пресече изминатиот викенд, ги измерила за последен пат – биле долги 7,3 метри, пренесува Си-ен-ен.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.