ММС

Објавено на: 04/8/21 7:00 PM

(Видео) “Одиме на Европско“ – официјална химна на македонските фудбалски херои за Еуро 2020

Македонската фудбалска репрезентација со победата над четирикратниот светски првак Германија пред една недела покажа каква атмосфера владее помеѓу играчите кои, како и нас, едвај чекаат да заиграат на своето прво историско Европско првенство.

На Еуро 2020 до кое има уште точно два месеца, за првпат ќе се вее македонското знаме на едно големо фудбалско натпреварување. Дотогаш атмосферата ќе ја загрева специјалната химна “Одиме на Европско“ изработена за македонските фудбалски херои, Пандев, Елмас, Адеми, Барди, Несторовски, Ристовски, Мрме која Фудбалската федерација ја објави на својата Фејсбук страница.

ФФМ се очекува да го објави и дресот со кој ќе настапат македонските репрезентативци на големото натпреварување, но засега не е познат датумот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.