ММС

Објавено на: 04/8/21 5:29 PM

Престана дури кога повратив на себе, чувствував страшна болка – шокантна исповед на Мерима Исаковиќ за Лечиќ

Актерката Мерима Исаковиќ во голема исповед за „Неделник“ до ситни детали раскажала се за кобната средба со колегата Бранислав Лечиќ во 1978 година, кога како што тврди, Лечиќ сексуално ја нападнал и се обидел да ја силува.

Мерима Исаковиќ тогаш била 18-годишна студентка на Факултетот за драмски уметности, а Лечиќ нејзин пет години постар колега од другата актерска класа, на трета година. Се познавале од вежби.

-Го доживував како другар… Еднаш на шетање се обиде да ме бакне, но веднаш го запрев… Потоа се насмевна и рече: „Извини. Не мислев…“ Го прегрнав и го бакнав во образ, велејќи: „Ние сме другари. Јас тебе многу те сакам како другар“, ја започнала Мерима Исаковиќ својата исповед.

После извесен период, Мерима му позајмила една книга, која Лечиќ не и ја враќал со недели. Кога го замолила конечно да и ја врати, Лечиќ и одговорил:

-Леле извини, Меримице, но не можам. Нешто ми е лошо, па дома сум. Можеш ли, те молам, да поминеш кај нас (живеел со мајка му), па земји ја книгата. Важи?

Мерима Исаковиќ околу 18 часот заѕвонела на вратата во станот на Лечиќ. Ја повикал да влезе „на брзинка“ бидејќи нешто се готви во кујната, а „мјка му не е тука“, а тој е „трапав“.

-Зачекорив. И незнаејќи заекорив во хорор! Влегов и стоев кај вратата, а тој ме турна кон ѕидот… Го прашав шокирана и исплашена: „Што правиш?“, ми рече: „Што мислиш. Сега не можеш да побегнеш. Не од мене. Не се обидувај да викаш. Никој нема да те слушне. Ова е стара зграда со дебели ѕидови. Залудно ти е секакво спротивставување“, пишува Мерима Исаковиќ.

Познатата актерка потоа опишува „здив, чуден здив, не само низ устата, како мирис на труло“ и како се обидела да дигне рака за да се одбрани.

-Што јас не сум доволно добар за тебе? Знаеш ли ти кој сум јас? Треба да ти е чест што те сакам. Ќе те имам јас. Ќе те имам бидејќи те сакам. Јас имам црн појас во џудо. Немаш шанси, пренесува Мерима Исаковиќ со зборови за кои тврди дека ги изговорил Лечиќ.

Рекла дека чувствувала страшна болка во вратот, рамената, дланките, колената, колковите (во тој период имала проблем со кичмата бидејќи брзо израснала).

Сфатив: се обидува да го скине мојот фустан. Го повлекува. Се обидува да ми ги рашири нозете. Ужасно е силен. Како со клешти да ме крши. Не можам. Немам сила. Ако успее да ме има, ќе умрам вечерва. Цврсто ги стегав нозете. Не знам како. Успеав двете нозе да ги турнам измеѓу неговите нозе, како да сум стебло, удирајќи го во препони. Немав доволно простор за замавнување, така што тој моето движење го доживеа како сексуална стимулација. Ужас!, пишува Марина Исаковиќ.

И тогаш се случи пресврт

-Многу повратив по себе. Тој отскокна, запален и збунет. Како да беше тоа момент на човечност. Го слушам и понатаму својот глас: „Те молам донеси пешкир, напотен со врела вода, брзо, брзооо, уух…“ Тој се движеше како хипнотизиран. Донесе врел пешкир. Застана за момент. Праша: „Ме зафркаваш? Дали ме зафркаваш?“, пишува Мерима Исаковиќ.

Тврди дека барала од Лечиќ да работи спротивно на она што би очекувале жртвите во моментот на силување да бараат од насилниците.

-Го збунив. Го држев за двете раце. Цврсто… Не сфати. Ме држеше кратко време, како во шок.Чекав мирисот на киселина од повраќањето благовремено да преовладува. Полека седнав, па се подигнав и станав. Во секој момент барав тој во тоа да ми помогне држејќи го за рака… Се заблагодарувам. Велам дека е најдобро да си одам дома, го замолувам да ми викне такси. И понатаму го држам за рака… Тој повторно праша: „Ме зафркаваш?“, пишува Мерима Исаковиќ.

Потоа Мерима го прашала зошто да се плаши, а Лечиќ рекол „Од мене“, на што Мерима му одговорила:

-Од тебе? А зошто би? Ти не си монструм… Сите девојки сме фасцинирани од тебе. Но немаме храброст. Не верував дека ти баш мене ме сакаш. Така силно. Извини што толку вака те налутив.

На крајот успеала да излезе од станот и да замине со такси. Вели дека денес е свесна дека тоа е најдобрата улога која ја одиграла во животот, а и ја режисирал „ужасниот страв“.

Според зборовите на Мерима Исаковиќ, епилог на приказната се случил две години подоцна, кога класата на Лечиќ имала завршен испит во театарот во Студентски град. Имала воспаление на белите дробови, па останала дома. При завршување на претставата, и заѕвонел телефонот.

-Неговиот глас. Плачеше. „Меримице, те молам, доволими да ти се извинам.Длабоко од срце. Молам за прошка. Те молам најискрено. Ти благодарам. Ти ми ја даде најважната лекција во животот. Ох, како боли! Не можам доволно да се заблагодарам на твојата мудрост. Среќен сум што не успеав да ја завршам страшно нешто. Не знам ни денес што ми се случи тогаш. Потполна страшна лудост… Ти благодарам тебе, Меримице!Среќен сум што не сум. Те молам прости ми. Јс никогаш претходно не сум направил такво нешто, ниту ќе го повторам истото. Сигурно не. Ти ме спаси. Ти ја спаси мојата душа. Ти благодарам…“, пренесува Мерима Исаковиќ во опширната исповед.

Рекла дека му поверувала и му простила.

Извор: Еспресо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.