ММС

Објавено на: 04/8/21 8:02 PM

Првата земја во ЕУ во која се укинува ПЦР тестот – влез без тестирање

Германија го укинува ПЦР тестот за сите вакцинирани кои се враќаат од странство.

Министерството за здравство на Германија спрема нова препорака која предвидува укинување на задолжителното тестирање за вакцинираните.

Сите кои се вакцинирани против Ковид 19, според плановите на министерот за здравство Јена Шпана треба да има повеќе слобода.

-Кој е во потполност имунизиран во иднина би требало да биде третиран како некој кој е негативно тестиран, нагласил тој.

Препораката на Министерството ќе биде денес претставена во покраините.

Се предвидува вакцинираните во секојдневниот живот и за време на патувањето да не мораат веќе да прикажуваат негативен тест на корона.

Тоа значи при враќање од странство вакцинираните ќе може да влезат во земјата без задолжителниот негативен тест.

Извор: Србијаданас.ком


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.