ММС

Објавено на: 04/8/21 3:18 PM

Задолжителната вакцинација е легална и неопходна во демократските општества – пресуди Европскиот суд

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда според која, задолжителното вакцинирање е легално и можеби ќе биде потребно во демократските општества. Пресудата е донесена денеска и следи по жалбата на семејства од Чешка, кои се против задолжителна имунизација на деца.

„Европскиот суд за човекови права, до кој се обратија родители на деца од Чешка кои не се примени во градинка бидејќи не се вакцинирани, денеска оцени дека задолжителното вакцинирање е неопходно во демократското општество. Оваа пресуда ја зголемува можноста за задолжително вакцинирање во сегашната пандемија со ковид-19“, изјави за агенцијата France press адвокатот Никола Ервије. Меѓутоа, тој ја истакнува слободната проценка која судот им ја препушта на државите во однос на политиката за вакцинација.

Адвокатот исто така укажува дека со најновата одлука, Судот констатира генерален консензус за позитивните ефекти од вакцинацијата, што не се доведува во прашање поради неизбежните несакани ефекти, бидејќи постои строга научна контрола – пренесува B92.

Судот го поддржува принципот на социјална солидарност, со што може да се оправда наметнувањето на вакцинацијата на сите, дури и на кои се сметаат за помалку загрозени од болеста.

Европскиот суд оценува дека задолжителната вакцинација на децата во Чешка против девет болести не претставува кршење на одредбите на Европската конвенција за човекови права кога се работи за „шравото на почит на приватниот живот“.

Политиката на вакцинација ги следи легитимните цели за заштита на здравјето, како и правата на другите, затоа што ги штити и оние кои се вакцинираат  и оние кои не можат да бидат вакцинирани поради медицински причини – истакнуваат од Судот додавајќи дека луѓето што не можат да примат вакцина „зависат од колективниот имунитет за да бидат заштитени од тешки заразни болести“.

 

Извор:   hr.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.