ММС

Објавено на: 04/8/21 1:04 PM

Баздникин: Точен датум за пристигнување на руските вакцини нема, но се работи на нивно испорачување

Точниот датум за пристигнување на руските вакцини во Македонија не го знам, но се работи на нивно испорачување, информираше рускиот амбасадор во Македонија Сергеј Баздникин, кој денес беше во посета на Штип, на средба со градоначалникот Сашко Николов.

„Вие добро знаете дека во март оваа година, рускиот Фонд за директни инвестиции потпиша договор со Министерството за здравство со кој се предвидува набавка на 200.000 вакцини против короновирус, Спутник В. Оваа количина е потребна за вакцинирање на 100.000 граѓани. До денес се испорачани 6000 дози, 3000 за секоја компонента. Во моментов се работи на испорака на преостанатите количини на вакцини,“ изјави амбасадорот Баздникин.

Тој додаде дека руската страна доследно ќе ги исполни своите обврски да ја обезбеди испораката на вакцините во земјата.

„ Сакам да напоменам  дека руската вакцина е апсолутно безбедна. Нејзината ефикасност е 92 %, а за спречување на тешки случаи на болеста до 100%,“ додаде амбасадорот Баздникин.

В.Кр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.