ММС

Објавено на: 04/8/21 11:51 AM

Почина 19-годишна девојка со Даунов синдром, со симптоми на Ковид 19, но не е тестирана

Деветнаесет годишна девојка од битолско со Даунов синдром почина во Ковид центарот во Битола. Таа вчера била донесена во лоша состојба со многу тешка клиничка слика. Имала симптоми на Ковид 19, но не била тестирана. Таа била третирана како сомнителна на Ковид бидејќи имала симптоматологија карактеристична на вирусот и била сместена во посебниот дел на модуларната болница за суспектни пациенти.

„Веднаш беше примена, сатурацијата беше многу ниска –  40, беа преземени реанимациони мерки, но за жал неколку часа по приемот пациентката почина. Пред да и биде земен брис за дијагностика на Ковид- 19, “ рече д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.

Заради тоа што не е утврден вирусот, нема да влезе во статистика за починати од Ковид 19.

Во изминатото деноноќие во Ковид центарот во Битола починаа два пациента од Битола на возраст од 63 и 69 години.

Утрово беа хоспитализирани 134 пациенти од кои повеќето се со тешка клиничка слика. Но загрижувачки е и што голем број од помладите хоспитализирани пациенти, на возраст од 28 до 40 години, имаат многу лоша клиничка слика.

М.Б.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.