ММС

Објавено на: 04/8/21 8:03 AM

Потврден ковид кај петмина затвореници од одделението на Митко Чавков

Од затворската управа во Штип поради приватноста на имињата на заболените, не ги потврдија медиските информации дека меѓу заболените е и поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, кој во затвореното одделение издржува 16 годишна затворска казна.

Петмина затвореници од затвореното одделение се со поизтивни тестови, како и тројца вработени во затворот.

-Кај двајца затвореници во вторникот беше потвден ковид, а вчера кај уште тројца. Сите се во добра здравствена состојба. Тројца од нив вчера беа однесени во Инфективното одделение во Клиничката болница кај инфектолог, каде им беа направени лабораториски тестви и им беа снимени белите дробови. Затворскиот доктор постојано им ја следи состојбата, изјави Мики Тодоров, директор на штипскиот затвор.

Овие петмина затвореници се во крило со уште 15 други, кои сега се под засилено внимание. Не се мешаат со други затовреници, туку дневните двочасовни прошетки ги прават одделно од другите крила. Заболените своите два часа воздух на отворено ги користат на место, каде не поминуваат затворениците.

Во затвореното одделние се 11 од вкупно 16 осудени за настаните од Собранието од 27 април, меѓу кои Јане Ченто, Горан Ѓошевски – Леви, поранешен шеф на обезбедување во Собранието, Оливер Поповски, екс шеф во полиција, Горанчо Ангеловски – Ќосето,  Оливер Радулов, Никола Митревски-Кољо.

Непознато е како се инфицирале.Овие затвореници не одат на викенд, но имаат посети од блиските, а се во контакт и со вработените во затворот.

Од почетокот на пандемијата лани па до сега, двајца затвореници беа позитивни на ковид, додека 15 други затвореници биле во изолација.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.