ММС

Објавено на: 04/8/21 7:58 AM

Претпладне променливо облачно, срамежливо сонце во текот на денот

Од УХМР најавуваат променливо облачно време во претпладневните часови, во југозападните делови ќе има слаби врнежи од снег. Во текот на денот ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Денеска претпладне на места во југозападните делови се уште ќе има слаби врнежи од снег, а во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Потоа следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските до недела на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.