ММС

Објавено на: 04/7/21 10:39 PM

Остави куќа и два стана – Тозовац еден месец пред смртта го напишал тестаментот

Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац месец дена пред смртта напишал тестамент. Се што има, наводно и препишал на сопругата Емилија, пишува Информер.

Тозовац инсистирал да склопи граѓански бран, а после тоа и официјално неа да и го остави својот имот.

-На почетокот од годината и рече на жената дека е прашање уште колку ќе живее и затоа мора да напише тестамент. Емилија се нервирала што го зборува тоа. Му велела дека е рано за тоа. Тој сам ја повикал адвокатката и се завршило непосредно пред неговата смрт. И рекол на жена му и нејзината ќерка Сања, која ја сакал како свое дете, дека негова желба е да им остави се нив. Барал од нив да се грижи за недвижностите кои им ги остава и да не продаваат се што стекнал. Сања се расплакала и рекла дека неа и е најважно да бидат заедно, рекол изворот.

Кумот на пејачот Рале Ранѓеловиќ потврдил дека Тозовац се им оставил на сопругата и нејзината ќерка.

Извор: Србијаданас.ком


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.