ММС

Објавено на: 04/7/21 7:57 PM

Застрашувачка смртност од корона во Италија – денес починаа над 600 луѓе, преку 13.000 новозаразени

Шокантен е бројот на починати лица денес во Италија. Коронавирусот однел 627 животи, а уште 13.708 се новозаразени што претставува извесен пад во однос на претходните денови, земајќи ги во предвид тестираните 340.000 луѓе.

Иако Италија живее потполно затворена, смртноста не се намалува, значи дека меѓу неодамна заразените има многу тешки случаи.

Санитарните власти нништо веќе не можат да направат, освен да инсистираат на масовна вакцинација, но за жал вакцини нема доволно и проблемот со АстраЗенека, сигурно не допринесуваат во кампањата за вакцинирање.

Италијанската влада одбива да се дискутира за увоз на вакцината кои не ги усвоила Европската агенција за лекови (ЕМА), како Спутник В и останува се по старо до крајот на април, затворени активности, сиромаштијата се зголемува со голема брзина и најзагрозените ги убива како и вирусот, и протестите кои ги има се повеќе.

Извор: Новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.