За време на официјалниот состанок на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел, дошло до недоразбирање кога Ердоган и Мишел седнале на стол, а фон дер Лајен останала да стои.
На видеото се гледа како Мишел и Ердоган седнале поради фотографирање за новинарите пред состанокот, а фон дер Лајен останала да стои.
Таа после седнала на каучот кој бил на страна, а спроти неа бил турскиот претседател.
Снимката брзо се прошири на интернет, а британски „Телеграф“ целата случка ја опишал како „дипломатско фијаско“.
Извор: Телеграф.рс
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.