ММС

Објавено на: 04/7/21 6:14 PM

Србија размислува за задолжителна вакцинација против Ковид 19

Министерот за здравство во Србија Златибор Лончар исткнал дека се размислува за воведување на задолжителна вакцинација.

Ситуацијата во болниците е стабилна, има доволно места да се примат сите кои бараат болничко лекување, но има се повеќе пациенти со тешка клиничка слика кои се на интензивна нега, изјавил денес министерот .

Тој рекол дека во претходните неколку дена има голема потрошувачка на кислород и навел дека државата, покрај тоа што произведува кислород, кој се извезува и во други земји, била принудена одредена количина да увезе на дневно ниво, за да се задоволат сите потреби.

Министреот истакнал и дека се размислува за задолжителна вакцинација против Ковид 19, и дека тоа е предлог на комисијата.

  • Околу тоа се сложуваме. Тоа е предлог на комисијата и ќе работиме на тоа тоа да биде и кај нас, рекол Лончар.

Извор: Република.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.