ММС

Објавено на: 04/7/21 3:36 PM

(ВИДЕО) Линискиот судија не му оддолеа на Халанд и побара негов потпис

Има нешто со романските судии во кампањата 2020/21 во Лигата на шампионите. Во групната фаза на дуелот помеѓу Истанбул Башакшехир, Себастијан Колтеску беше обвинет од Демба Ба за расизам, откако романскиот арбитар го ословил напаѓачот на Турците како „овој црниот“. УЕФА подоцна реагираше и го суспендираше делителот на правдата, но таквото однесување не остана незабележано.

Вчера на мечот од 1/4 финалето од ЛШ помеѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд, овојпат малку во поинакво и попозитивно светло, се најде линискиот судија кој доаѓа од…Романија. Англиските идни шампиони потешко од очекувањата го совладаа германскиот претставник, а судијата кој следеше дали Ерлинг Халанд ќе биде во офсајд ситуацијата по последниот свиреж во „тунелот“ го запре младиот норвешки напаѓач и побара од него автограм.

 

Романецот се однесуваше како и секој фан и љубител на играта и никако не може да му се забележи за ваквиот потег, но дали УЕФА е задоволна од непосредната интеракција помеѓу фудбалер и судија, останува да видиме.

 

 

 

 

д.ј

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.