ММС

Објавено на: 04/7/21 3:13 PM

Приведен крадецот кој „оперирал“ во светиниколска фабрика

Полицијата го лиши од слобода крадецот кој се сомничи дека извршил кражба во фабрика во Свети Николе. Тој од една од халите на фабриката каде влегол со употреба на сила одзел предмети и си заминал. Полицијата го открила и го привела.

„На 06.04.2021, полициски службеници го лишиле од слобода Н.И.(20) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“ извршена на 02.04.2021 од фабрика во Свети Николе, каде со употреба на сила влегол во една од халите и одзел предмети,“информираат од СВР Штип

Се работи на целосно документирање на случајот по што против Н.И. ќе биде поднесена кривична пријава.

foto-arhiva


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.