ММС

Објавено на: 04/7/21 2:56 PM

Во Бразил за првпат во текот на 24 часа како последица од Ковид-19 починаа над 4.000 лица

Во последните 24 часа новиот тип коронавирус (Ковид-19) е причина за смртта на 4.195 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на Министерството за здравство бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19, изнесува 86.979, со што вкупниот број позитивни на коронавирусот се искачи на 13.100.580.

Во оваа земја досега оздравеа 11.558.784 лица претходно позитивни на Ковид-19.

Во последните 24 часа во земјата Ковид-19 е причина за смртта на 4.195 лица. Бројката на починати во текот на последното деноноќие претставува највисока бројка на починати од почетокот на пандемијата во Бразил на дневна основа. Со тоа, вкупната бројка на починати се зголеми на 336.947.

По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил со популација од 210 милиони жители е втора земја во светот која е најмногу погодена од епидемијата.

Оваа земја во последните недели минува низ тежок период поради исполнетите капацитетите на одделенијата за интензивна нега и поради варијантата П1 чие ширење е поинтензивно, а за која се смета дека се појавила во бразилската сојузна држава Амазон.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.