ММС

Објавено на: 04/7/21 2:38 PM

Нулта толеранција на алхохол-Хрватите ќе ги менуваат правилата во сообраќајот

Хрватите не се задоволни од резултатите од претходниот десетгодишен план, чија цел – намалување на бројот на смртни случаи од патот за 50% во периодот од 2010 до 2020 година – не е постигната.

Токму поради тоа се најавуваат  построги регулативи коишто би биле вклучени во новиот план за следната декада.

Се издвојуваат две мерки, кои  доколку бидат усвоени,  ќе влијаат и на возачите од други земји коишто патуваат во Хрватска.

Една од мерките се однесува на толеранцијата на брзо возење, пишува Вечерњи лист.

Оваа толеранција или како што официјално се нарекува, „безбедносна разлика“ е 10 км / ч за брзина до 100 км на час, а за поголема брзина е 10 проценти.

Планот предвидува оваа толеранција да се сведе на минимум, што е можно повеќе, а за да се спроведе мерката потребно е локалните самоуправи да набават нови уреди за мерење на брзината.

Досега, на пример, на автопат, каде ограничувањето на брзината е 130 км на час, толерирано е возење со брзина до 143 км на час.

Доколку се донесе нова мерка, оваа толеранција ќе биде значително помала и  возачите кои имаат намера да патуваат во Хрватска, за да не заработат казна ќе мора да обрнат поголемо внимание на ограничувањето на брзината.

Како друга важна мерка е да  се испита можноста за промена на граничните вредности на дозволената количина алкохол во крвта на возачот.

Во моментов, во Хрватска се во сила регулативите кои дозволуваат 0,5 промили алкохол во крвта (не се однесува на професионални и млади возачи).

Имплементацијата на оваа мерка, според планот, може да започне оваа година, а крајниот рок е 2023 година. Доколку биде усвоена, можно е да се намали граничната вредност или дури и нулта толеранција на алкохол.

srbijadanas.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.