ММС

Објавено на: 04/7/21 1:48 PM

Делчевец на таванот во старата семејна куќа пронашол динамит

Во старата семејна куќа, во таванските простории, делчевец пронашол динамит и фитил. Веднаш пријавил во Полицијата. Предметите биле земени и предадени на Дирекцијата за заштита и спасување.

„На 06.04.2021 во 12.00 часот во Полициската станица Делчево, М.Ц(67) од Делчево пријавил дека на 03.04.2021 во стара семејна куќа на ул.„Голачка“ во Делчево во таванските простории пронашол 29 прачки динамит и еден запалив конец (фитил).  Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Делчево. Пронајдените предмети се подигнати и предадени на Дирекцијата за заштита и спасување Делчево.,“информираат од Полицијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.