ММС

Објавено на: 04/7/21 1:18 PM

Испорачајте ни ги нарачаните вакцини: Австралија со барање до ЕУ

Австралија соопшти дека ќе бара од ЕУ да и’ испорача повеќе од три милиони дози од вакцината на АстраЗенека против ковид-19.

ЕУ вчера демантираше дека го блокирала извозот на вакцините во Австралија, каде стапката на имунизација драматично заостанува во однос на планираното. Унијата соопшти дека не е одговорна за неуспехот на АстраЗенека во однос на исполнувањето на обврските кон земјите, но фармацевтската компанија засега не коментира.

Премиерот, Скот Морисон изјави дека ЕУ барала од Австралија да ја повлече пријавата за извоз и дека нема одговор на писмата со кои се побарани вакцини. Морисон повторно упати барање Австралија да добие 3,1 милион дози. Оваа количина требаше да стигне во Австралија до крајот на март.

 

Извор:  blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.