ММС

Објавено на: 04/7/21 1:21 PM

(Видео) Пожар на Света Гора избувна во плантажите со маслинови дрва кај манастирот Пантократор

Избувна пожар денеска  на Света Гора, во близина на манастирот Пантократор. Според информациите манастирот не е загрозен.
Која е причината за пожарот, кој избувна во 11,45 часот по локално време,  во маслиновите градини засега е непозната. Се гасне од земја и од воздух од страна на  противпожарните екипи, пренесува АНА.

Како што се наведува, гаснењето на пожарот го спречува силниот ветер што дува во таа област.

Во гаснењето на пожарот учествуваат и двајца Канаѓани.

novosti.rs

Foto: Jutjub/Printskrin


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.