ММС

Објавено на: 04/7/21 12:38 PM

Дует за ежење – „Ој Јано, Јано“ во изведба на светски познатата Џос Стоун и Македонката Тања Царовска

Кога ќе се спојат два моќни вокали, како оние на светски познатата Џос Стоун и македонката Тања Царовска, се случува вистинска музичка магија.

Ваквата магија Стоун ја објави на својојт официјален Јутјуб канал, каде сподели и како се запознале со нашата Тања.

„Со пејачката, текстописец и композитор Тања Царовска се запознавме во Црна Гора. Таа е прекрасна, има текстови полни страст и убави мелодии, беше прекрасно што ја запознав. За вас ќе испееме една убава песна, за која се надевам дека ќе ви се допадне“, вели Џос во објавеното видео

Ова не е прв пат Стоун да ја слушнеме со македонска пејачка, претходно имавме можност да ја слушнеме и покрај Каролина Гочева со заеднички настап во Скопје кога ја отпејаа заеднички „Кој да ми запее“.

Средбата на Стоун и Царовска им овозможи да испејат една своја, преубава верзија на нашата изворна „Ој Јано, Јано“, па колку совршено звучи и изгледа овој прекрасен дует, можете да видите и слушнете во видеото во прилог.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.