ММС

Објавено на: 04/7/21 11:50 AM

Престанав да ги бричам нозете откако се породив – Кети Пери со нова листа на приоритети

Американската пејачка и член на жирито на „Американски идол“, Кети Пери која минатиот август го доби своето прво дете со свршеникот Орландо Блум, ќерката Дејзи Дав, призна дека како новопечена мајка морала да направи листа со приоритети.

На новата листа на Кети Пери не се најде депилирањето на нозете. Во неделната епизода на „Американски идол“ Кети Пери како член на жирито и се обрати на натпреварувачката Касандра Колман.

– Вашиот глас е духовно искуство од другиот крај на светот, ангелски е. Како новопечена мајка немам баш многу време, па престанав да си ги бричам нозете. Но, кога пеевте, влакната на моите нозе се кренаа пет сантиметри. Почувствував морници по цело тело, беше неверојатно – рече Пери и на своите колеги во жирито им ги покажа влакната ставајќи ги нозете на маса.

Пејачката подоцна на Твитер објави анимирана слика со влакнести нозе и напиша: „Реален поглед на моите нозе кога слушам како Касандра пее“.

Пери призна дека да се биде мајка е најдобра работа на светот, но кога ќе станеш мајка, сите останати работи се помалку важни.

Извор: 24sata.hr

Фото: Tulsaworld.com и bpositivenow.com

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.