ММС

Објавено на: 04/7/21 11:06 AM

Кавадарци и понатаму на врвот по бројот на нови ковид позитивни

Кавадарци е со највисока неделна инциденца на нови ковид позитивни, покажуваат резултатите од извештајот на ИЈЗ за период од 29 март до четврти април годинава. Во моментов на ковид одделот во кавадаречката болница се лекуваат 70 пациенти, најголем дел од нив зависни од кислород.

Директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев, денеска честитајќи го светскиот ден на здравјето на сите здравствени работници, информира дека од минатата недела се згрижуваат пациенти и од Градско и Валандово, бидејќи нивните најблиски болници биле полни.

-До денес во нашиот ковид центар, за овие шест месеци, откога е отворен, се имаат лекувано 740 пациенти од Кавадарци, Неготино и пошироко. До денес во инфективна амбуланта имаме извршено повеќе од 10 илјади прегледи, а со брзите тестови имаме тестирано повеќе од 7000 граѓани. Сето ова кажува дека имаме сериозен пристап во лекувањето на оваа болест,  вели д-р Коцев и нагласи дека изнесените бројки за здравствените работници не се само статистика, туку тоа биле судбини и страдања.

Директорот на болницата апелираше граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки, бидејќи се почести се компликациите од корона вирусот. Осумдесет отсто или 198 граѓани над 77 години кои имале закажано термин за вакцинација, веќе биле вакцинирани.

 

 

 

Ангел Данов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.