ММС

Објавено на: 04/7/21 9:59 AM

Двајца обвинети за насилство во ресторан во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело „насилство” во ресторан во Скопје.

Како што информираат од Јавното обвинителство, на 20 февруари во просториите на угостителски објект на булеварот „Илинден”, малтретирале, грубо навредиле и им ја загрозиле сигурноста на двајца оштетени, а кај останатите гости во локалот предизвикале чувство на вознемиреност, загрозување и страв. Меѓу оштетените и обвинетите настанала вербална расправија, а двајцата обвинети на возраст од 19 и 27 години ги нападнале оштетените со тупаници, нанесувајќи им телесни повреди. Едниот обвинет, дополнително револтиран од телефонски разговор кој во тој момент го водела една гостинка во објектот – сведок на настанот, продолжил и неа грубо да ја навредува и агресивно да се однесува, кршејќи го инвентарот во локалот и мобилниот телефон на гостинката.

Поради опасност од бегство, можност обвинетиот и натаму да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои упатуваат на можност да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и предлог со кој побара продолжување на мерката куќен притвор за првиот обвинет. За вториот обвинет, пак, од истите причини, побарано е продолжување на претходно определената мерка притвор, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство. 

 

 

 

 

Извор:

mia.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.