ММС

Објавено на: 04/7/21 10:25 AM

Од градот нема согласност за тешка индустрија да се развие во комплексот на „Железарница“, вели Шилегов

„Ние сме со став дека во нашиот град дека воопшто не е потребна тешка индустрија, за жал во некои други времиња било одлучено дека Железара треба да биде во срцето на градот“, ова е ставот на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на новинарско прашање дали Град Скопје ќе дозволи населбата „Железара“ да се задуши, на што екологистите велат дека на населбата и се заканува катастрофа.

„Деталните урбанистички планови кои што беа вчера предмет на јавна расправа во општина Гази Баба, не се доставени до Градот Скопје сеуште на мислење. Ние сме со став дека во нашиот град дека воопшто не е потребна тешка индустрија, за жал во некои други времиња било одлучено дека Железара треба да биде во срцето на градот. Од градот нема согласност за било каква тешка индустрија се развие понатаму во рамките на комплексот на Железарница. Меѓутоа ќе го дадеме нашето стручно мислење комисијата на градот, во моментот кога кај нас ќе бидат доставени деталните урбанистички планови. По редот на нештата тоа доаѓа по јавната расправа“, рече Шилегов.

Инаку вчера во општина Гази Баба се одржа јавна презентација на Предлог – Деталниот урбанистички план.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.