ММС

Објавено на: 04/7/21 9:37 AM

Во Украина најголема смртност од Ковид 19 од почетокот на пандемијата

Рекорден број на смртни случаи од корона вирусот е забележан во Украина за еден ден 481, изјави денеска министерот за здравство Максим Степанов.

Претходно, најголемиот број на смртни случаи беа 433 на 2 април, пренесува Ројтерс.

Степанов рече дека се потврдени 15.415 нови случаи на коронавирус.

Во Украина, потврдени се 1.784.579 случаи со корона вирус од почетокот на пандемијата,  а 35.498 луѓе починале како резултат на таа инфекција.

Преземено од: http://www.rtv.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.