ММС

Објавено на: 04/7/21 9:05 AM

Оваа година е година на вакцинацијата: Филипче се обрати по повод Светскиот ден на здравјето

Минатата година на истиот овој ден бевме на почеток на пандемијата и сите се надевавме дека таа брзо ќе заврши. Една година подоцна, светот се уште се бори со коронавирусот, со нови соеви и нови предизвици кои ги носи оваа голема здравствена криза. Но оваа година е година на вакцинацијата. Година за која се надеваме дека ќе биде последна во која живееме со мерки, рестрикции и ограничувања. Ова го истакнува министерот за здравство, Венко Филипче во своето обраќање по повод Светскиот ден на здравјето.

Филипче додава дека единствениот начин за да се победи вирусот е вакцинацијата, но таа според него, не се одвива со посакуваното темпо никаде во светот.

-Побарувачката на вакцини е огромна, а капацитетите за производство ограничени. Ние правиме се’ за да ги зголемиме количините на вакцини во нашата земја. Моја најголема заложба и желба е вакцинацијата да ја завршиме што побрзо. Затоа, се’ што е во наша надлежност го направивме исклучително брзо и професионално, а подоготвка за вакцинација ја спроведовме навремено и ефикасно. Денес имаме добро поставен и ефективен механизам за вакцинирање кој започна да се спроведува – потенцира Филипче.

Тој верува дека малата достапност на вакцини во светот наскоро ќе биде минато, а потоа, како што најавува, деноноќно ќе се работи на тоа за што пократко време да се вакцинираат што поголем број на граѓани.

Барам трпение, разбирање и почитување на мерките додека да се надмине овој период – додава министерот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.