ММС

Објавено на: 04/7/21 8:45 AM

Студија: Заштитата по примањето на вакцината на Модерна трае најмалку шест месеци

Заштитата од ковид-19 овозможена од вакцината на Модерна трае најмалку шест месеци, покажуваат новите истражувања – пренесува новинската агенција АП. Се очекува дека заштитата ќе трае и подолго, но засега научниците располагаат со податоци кои се однесуваат на овој период, се наведува во извештајот на списанието The New England Journal of Medicine. Компанијата Модерна истакнува дека ги продолжува истражувањата за тоа.

Најновата студија во која се користени три различни тестови за антитела, покажува дека антителата останале активни кај сите старосни групи, меѓу вкупно 33 лица кои биле вклучени во раната фаза на истражувањето. Како што се наведува, се чини дека помладите имаат поголемо ниво на антитела за разлика од повозрасните. Научниците ќе продолжат да ги испитуваат овие групи за да утврдат колку ќе трае заштитата.

Во извештајот на The New England Journal of Medicine се наведува она што од компанијата Фајзер го истакнаа минатата недела за својата вакцина, а тоа дека и вакцината на Модерна функционира на истиот принцип – пренесува Танјуг. И двата извештаја, на компанијата Фајзер и оној на Модерна, се базираат на тестовите на десетици луѓе кои примиле вакцина за време на студии кои претходеле на масовна имунизација.

Ваквите студии се направени пред појавата на новите соеви кои се шират многу побрзо, поради што извештајот во медицинското списание алармира и за загриженост поради мутираните типови на коронавирусот.

Фајзер и Модерна соопштија дека работат на ажурирање на нивните вакцини или на можноста за давање уште една доза, доколку е тоа потребно за поуспешна борба против новите соеви.

фото: Илустрација / Freepik

Извор:    balkans.aljazeera.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.