ММС

Објавено на: 04/7/21 8:13 AM

(Видео) Априлска шега, снег меѓу маслинките ама топла куќа, камин и колбаси, запеа Раде Шербеџија

Цела Истра е покриена со снежна покривка. Велат дека во овој дел на Хрватска  во април немало снег скоро пет децении.

Снегот најмногу го израдува актерот Раде Шербеџија, кој излезе надвор и ја запеа познатата песна  „Кога ќе падне првиот снег“.

Шербеџија тоа го сподели на Фејсбук и рече дека е изненаден и од снегот меѓу маслинките во април.

„Но, за среќа имаме топла куќа, камин и колбаси“, рече Шербеџија.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.