ММС

Објавено на: 04/7/21 8:03 AM

Американските лекари открија уште една последица од коронавирусот по човековото здравје

Студија во која учествувале 23 илјади испитаници генерално од САД, нотира дека секој трет ковид пациент, шест месеци откако оздравел бил дијагностициран со некое невролошко или психијатриско пореметување. Тоа упатува на заклучокот дека како последица на пандемијата може да се очекува „бран“ на невролошки и психијатриски пациентии – се наведува во стручното списание  The Lancet Psychiatry.

Од 14 психијатриски пореметувања, кај ковид пациентите најчесто се јавуваат анксиозност и депресија, иако на научниците не им е јасно на кој начин ваквите пореметувања се поврзани со вирусот – пренесува Ројтерс. Во студијата не е констатирано кои биолошки или психолошки механизми се предизвикувачи на наведените пореметување, но е констатирано дека е неопходно да се направат нови истражувања за да се воочи што ги предизвикува овие појави, како да се спречат или како да се третираат медицински.

Врз основа на анализите на медицинските картони на повеќе од 236 илјади луѓе, констатирано е дека шест месеци откако оздравеле од ковид-19, кај 34 проценти е дијагностицирано некаков невролошки или психијатриски проблем.

 

Извор:       espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.