ММС

Објавено на: 04/6/21 10:27 PM

Евтино изгледаш како баба на Мадона – првата дама на САД мета на критики поради мрежести хулахопки

Џил Бајден е фотографирана на враќање од патување од Калифорнија. На себе носела црна јакна, црно здолниште над колена, црни чизми и мрежести хулахопки, поради кои се најде на мета на критичарите.

Првата дама на САД Џил Бајден (69) со својот аутфит направила вистинска твитер „војна“ за време на викендот. Нејзините мрежести хулахопки предизвикаа онлајн дебата меѓу критичарите и оние кои ја поддржуваат.

Нејзината модна комбинација се нашла на мета на оние кои изборот на хулахопки го опишале како „лош“ и „срамотен“, обвинувајќи ја дека е престара за нив.

-Мислам дека Џил Бајден се побркала. Таа сигурно мисли дека е Ноќ на вештерките. Зарем нема 70? Било како било, престара е за мрежести хулахопки, напишала една корисничка на Твитер.

-Мадона се јави, го сака својот аутфит назад. Боже, изгледа како баба на Мадона. Еј Џил Бајден, биле само некои од коментарите.

Извор: 24сата.хр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.