Идеален десерт за време на пости. Свен што е вкусна, лесно и брзо се подготвува.
Потребни состојки:
650 гр шеќер
500 гр мелени ореви
Џем од кајсии
120 гр какао
Екстракт од малина
Подготовка:
500 гр шеќер со малку вода заедно стопете ги, па додадете мелени ореви. Оставете на шпорет и мешајте се додеа смесата не се згусне. После тоа, тргнете од оган и поделете ја смесата на три дела.
Во првиот дел додадете какао, вториот оставете го каков што е, а во третиот дел додадете неколку капки екстракт од малина.
Плехот премачкајте го со малку вода, па ставете го првиот дел. Преку првиот ред намачкајте џем од кајсија, па ставете го вториот дел, па повторно мачкајте со џем од кајсија. Додадете го и третиот дел од смесата, па прелијте со прелив од какао.
Прелив: 150 гр шеќер со 100 грама какао измешајте ги на оган додека не се стопат, па тргнете ги и мешајте додека преливот не згусне.
Извор: Стил.курир.рс
Фото: Shuterstock